Во духот на нашите илинденци подадовме рака за соработка со сите наши соседи и ја стекнавме нивната доверба. Преку овој отворен пристап се реализираа Договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија. Благодарение на овие договори Северна Македонија од лош пример се претвори во успешна приказна. Таа стана светла точка на Балканот, рече денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на свеченоста по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден.
Принципите на Илинден не се свртени кон минатото, туку кон иднината. Илинден е длабоко врежан во нашата меморија, но како живо наследство. За нас овие принципи се најјасен патоказ за нашиот пат кон ЕУ, порача спасовски
Истакна дека на денешен ден, 2 Август – Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, вели тој, беа столбовите на Републиката и на државноста.
Борбата на сите наши Илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту за доминација на една држава врз друга. Ниту пак на еден народ врз друг. Почнувајќи од Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и ршенијата на АСНОМ во борбата за слободна и праведна македонска држава се повикани сите чесни, добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност водени единствено од желбата за подобар живот, подвлече Спасовски.