Македонија Најважни

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска се одржаа во Крушево, Пелинце и во Скопје.

Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле  градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.

Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?

Дејан Дејан

Ревизорите потврдија – зграда може, парк или дрворед многу тешко!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе