Македонија

За половина час од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со автобуско метро

Наместо за 70 минути, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стигнува за околу половина час со јавен превоз.

Град Скопје официјално ја започна постапката за проектот автобуско метро. Освен споменатата релација, се прават анализи и за поврзување на Кисела Вода и Бутел.

Но, вчера е објавен тендерот за изработка на проектна документација за идеен проект за брз автобуски систем во градот Скопје, на трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче односно Запад – Исток.

Според проценките на Градот, околу 65 илјади патници на ден ќе ја користат оваа траса. Автобуси ќе се чекаат не повеќе од 3 до 4 минути. Возилата ќе бидат долги 18 метри и ќе работат на хибриден погон.

Понудите за јавниот повик треба да се достават до за еден месец односно најдоцна до 3 септември по што ќе се потпишува договор со Европската банка за обнова и развој.

Потоа ќе се објави и тендерот за набавка и воведување на новиот јавен превоз во главниот град.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?

Дејан Дејан

Ревизорите потврдија – зграда може, парк или дрворед многу тешко!

Дејан Дејан

Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе