Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на држави на кои им е дозволено патување во унијата, врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“.
Оценката на амбасадорите е дека епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е „доволно лоша“, со што само се потврдува претходната одлука.
Списоците нема да се ревидираат во текот на следниот месец поради колективен одмор во европските институции, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од Ковид-19.