Дигитализацијата на јавниот но и на бизнис секторот е далеку поинтензивна по избивањето на пандемијата на коронавирусот. Модернизацијата на општеството, администрацијата и фирмите е неизбежна поради новонастанатата ситуација и ризици а се повеќе услуги се нудат он лајн.
Тој најави јавен повик, наменет пред се младите, за изработка на конктрети решенија и алатаки со кои ќе се подобри дигиталното работење на општините.
Меѓутоа процесот на дигитализација сам по себе носи ризици од напади и кражби на податоци. Само во последните две недели две министерства и ДИК беа мета на напади. Парцијалното воведеување на дигатилизацијата во администрацијата и во приватниот сектор е погрешен чекор бидејќи на тој начин тие се поизложени на хакјерски напади.
За Деспотовски клучно е да се вложува во системите за заштита отколку да се избегнува дигитализацијата на државните институции.
Анализите покажуваат дека покрај постоечкиот ризик пандемијата допринесе да се развие тренд бизнисите да се префрлаат онлајн со користење на мобилни апликации за поставување на работатата и следење на процесот како и контрола на вработените.
Огнен Чанчаревиќ