Македонија

Од петок продолжува извршувањето – извршителите пак ќе блокираат сметки

Извршителите од петок пак почнуваат со извршување. По речиси четиримесечното стопирање на извршувањата, од петок на сите граѓани и фирми кои претходно биле блокирани, пак ќе им се извршува од сметка. А на ред кај извршителите доаѓаат и новите предмети, кои „чекаа“ за време на вонредната состојба поради коронавирусот.

Се извршува се што беше запрено со Уредбата со законска сила од 1 април. Односно сите блокирани сметки кај комерцијалните банки кај правни и физички лица како и забраната ставена на плати и пензии кај работодавачите и Фондот за ПИОМ. Продолжуваат продажбите врз недвижности, продолжуваат пописите врз подвижни предмети и сите дејствија утврдени со законот за извршување, изјави Георгиевска.

Од Министерството за правда велат дека нема можност за уште едно одложување на извршувањето.

Имплементацијата на законот за извршување продолжува во целост.Нема можност за продолжување на уредбата бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. Се продолжува да се извршува. Освен наведените исклучоци во законот, изјавија од Правда.

Извршителите до сега не добиле ниту едно известување од банка за пролонгирање на извршувањата, барем до крајот на септември до кога трае и одложувањето на ратите за кредитите. Се надеваат дека нема да има ниту ново пролонгирање, бидејќи бројот на предмети бил паднат за над 40 проценти во однос на лани. А имале и пад на приходите, од помалите награди, за што протестираа пред донесувањето на измените, со заклучување на нивните канцеларии.

Со самата не примена на Законот за извршување најголем број на доверителите ќе паднат во тешка економска ситуација бидејќи не можат да ги наплатат своите побарувања а во прашање ќе бидат доведени и опстанокот на извршителските канцеларии. Во првиот квартал имаме примено околу 25.000 предмети. Во вториот квартал имаме примено околу 8.000 предмети, изјави Георгиевска.

Откако ќе ги „отклучат“ канцелариите, извршителите очекуваат и зголемен број на предмети и за режиски трошоци од влошената финансиска состојба на граѓаните поради кризата. Немаат податок од колку сметки извршувале предкризата. Но податоците на Народната банка покажуваат дека заклучно со март биле блокирани над 106.000 сметки, од кои 26.000 на компании и 80.000 на граѓани.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе