Македонија

Сите обвинети за Меѓународен сојуз негираат вина

Од мудри мисли на Махатма Ганди цитирани од обвинителката Вилма Русковска па се до пад во бессознание на еден до обвинетите. Така започна судењето за случајот за невладината Меѓународен сојуз на Боки 13. Во воведните зборови обвинителката Русковска раскажуваше како хуманитарната организација “Меѓународен сојуз” била всушност создадена за измами. Нејзиниот претседател и првообвинет Бојан Јовановски успеал да измами двајца бизнисмен Сиљан Мицевски и Адријан Амзовски да му дадат вкупно околу милион евра наводно за проекти за изградба на старечки домови. Наместо таму парите завршиле во неговата БМЈ Груп и 1 ТВ.

Сите петмина обвинети се изјаснија невини дел од нив за измама, за помагање во измама или за перење пари.

Сите баналности во обвинението ги разбирам, но не се чувствувам виновен. Како што обвинителката мене ме етикетира со зборовите девијантно криминален ум, јас нејзиното обвинение ќе го наречам девијантно алкохолизирано, рече Јовановски.

Неговиот адвокат смета дека таргет во обвинението е токму Бојан Јовановски.

Инаку според обвинителството останатите обвинети му помагале на Боки 13 во измамата, а меѓу нив е и поранешната потпретседателка во Собранието и во СДСМ Фросина Ременски. Со угледот и авторитетот му помагала на Јовановски во измамата.

Инаку во обвинението се опфатени и двете помошнички на Бојан Јовановски во меѓународниот сојуз Јасна Ерцеговиќ и Христина Блажевска, како и неговиот татко Миле Јовановски. Тие ги подигале и уплаќале парите од сметката на пензионерката каде биле пуштени, на сметката на медиумот. Но само што Бојан Јовановски започна на табла да ги пишува доказите, за сликовито да го убеди судот во својата невиност, судењето се прекина поради влошената здравствена состојба на неговиот татко.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе