Вести Македонија Топ вести

Телма не го прекршила изборниот молк, одлучи судот

Телма не го прекршила изборниот молк. Не се исполнети условите од Изборен законик 76 б ст 3 , изјавата на министерот е во јавен интерес за информирање за пандемијата, а не во функција на изборната кампања, ова се причините со кои судијката  ја образложи ослободитлената пресуда за Телма.

На судењето од АВМУ останаа на барањето за покренување на прекршочна постпака и ставот дека телевизијата го прекршила изборниот законик за повреда на изборниот молк,  дека не требало да се пушта изјава од министерот туку само да го цитира министерството за здравство.

Според одбраната на Телма,  АВМУ погрешно ја толкува законската одредба. Адвокатот посочи дека изјавата е само дел од поширок прилог посветен на борбата со пандемијата и треба да се гледа и содржината на изјавата дали е во насока да влијае врз гласачите или не.

Дека станува збор за слободно и рестриктивно толкување на изборниот законик кое може  да ги нарушат приоритетите во јавниот интерес, особено во ситуации на елементарни непогоди и зарази како Ковид-19 оценија и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници кој ја поздрави одлука на Основниот суд – Скопје 1.

Иницираната постапка од АВМУ против Телма ССНМ го смета за класичен пример на притисок врз објективното и професионалното информирање. Непријатно сме изненадени што АВМУ препозна кршење на изборниот молк и прикриена кампања во телевизиски прилог што се однесува на застрашувачките размери на епидемијата со Ковид-19.

Пренесување на изјавата на, во моментот, најкомпетентната личност за справување со епидемијата, актуелниот министер за здравство Филипче, никако не може да се смета за полтичка или партиска кампања, туку како покривање на прашањата што се од највисок јавен интерес, а тоа е и суштината на професионалното и објективното информирање, соопштија ССНМ.

Од ССНМ порачуваат дека е крајно време да се размисли за промена на Изборниот законик во овој рестриктивен дел, каде што политичката кампања и партиска агитација јасно ќе биде издиференцирана од прашањата од поширок јавен интерес, сѐ со цел граѓаните целосно да бидат информирани, а медиумите и новинарите да бидат заштитени од паушалното и волунтаристичко толкување на законските одредби.

Вчера и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на својот профил посочи дека Телма не го прекрла изворниот зкаоник. Министерот Филипче не беше на ниедна од кандидатските листи за изборите. Во време на светска пандемија и редовно дневно информирање за нас е несфатливо како регулаторот може да ја смета оваа изјава како прекршување на изборниот молк.

Ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ. Но, ова е веќе и тенденција за цензурирање на медиумите, нарушување на правото на граѓаните да добијат информации во однос на кризата, како и директно мешање на АВМУ во изборниот процес, смета Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество.

Од АВМУ му одговорија на Манчевски дека агецијата не прави разлика мегу партиите. Посочуваат дека  прекрочни пријави биле поднесени и за медиумите што го емитувале  Филипче и тие каде бил пуштен министерот за внатрешени Чулев

Министерот, или не го познава Изборниот законик или вообичаено, кога е Агенцијата во прашање со сите сили се обидува да ја дискредитира нејзината работа како би ја остварил зацртаната партиска агенда. Во спротивно, би знаел дека Агенцијата не е цензор туку согласно законските надлежности кои и се дадени го следи изборното медиумско претставување и доколку констатира прекршувања, покренува прекршочни постапки, соопштија од АВМУ. 

Телма и претходно реагираше дека емитувањето на изјавата на министерот за здравство не е во функција на нечија изборна кампања туку има повисока цел тоа е јавниот интерес и информирање на граѓаните за пандемијата со Ковид 19 која повеќе од 4 месеци го загрижува целиот свет.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе