Македонија Топ вести

Реакција на телевизија Телма за прекршочната пријава од АВМУ

Телма не го прекрши изборниот законик туку објави содржина која е битна за јавниот интерес во време на пандемија со каква што не се соочила земјата до сега е ставот на телевизијата.

Изјавата на министерот за здравство Венко Филипче која за АВМУ е спорна воопшто не е во насока на  отвороено или прикриено промовирање на нечија изборна кампања. Напротив целта на новинарскиот прилог под наслов, ,,Штипски кластер е потеклото на заболените во Свети Николе”  е информирање за сериозноста на ситуацијата, за големиот број новозаразени случаи, информацијата за отворање на нови здравствени центри за Ковид 19 за справување со пандемијата, кластерите и борбата да се спречи одредени градови да прераснат во нови жаришта

Во време на пандемија кога секојдневно се регистрираат новозаболени  и починати Телевизијата се водеше единствено од интересот и потребата на јавноста да биде информирана Ковид кризата 19, и во ниту еден случај ниту имала намера , ниту има тенденција за  прикриено информирање во корист на нечија кампања или според критериумите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги пласирање на  „пара – настан“ или „пара – вест“ , потенцираат од Телма.

Телма  е свесна за одредбите од Изборниот законик од член  Член 76-б, став 3 според кој меѓу другото прекршување на молкот ќе се смета дека доколку медиумите објават информации аудиовизуелни матеирјали од учесници на изборите или какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите.

Но целта на прилогот  воопшто не е таа.

Според надлежните вториот бран на Ковид е во ек, а здравството веќе се подготвува за нов наплив на пациeнти наесен, токму во таа насока е прилогот кој информира и за работата на епидемилозите на терен, за бројот на тестови и заразени и кои мерки се превземаат од надлежните и очекувањата за наредниот период.

Според Телевизијата, барањето од АВМУ до судот  да покрене прекршочна постапка против Телма повикувајки се на член кој воопшто не регулира такава правна ситуација оневозможува точно информирање за ситуации како Ковид кризата која не стивна ниту во предизборниот молк.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ и ОПМ се уште не ја добиле на увид потрошувачката кошничка

Дејан Дејан

ОЈО Тетово бара повисока казна за Пајазити кој смртно ја прегази младата Теодора Ристовска

Дејан Дејан

Се пријавил и последниот осомничен полициски службеник опфатен со истрагата за пожарот во Кочани и тој е пензионер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе