Избори 2020 Македонија Топ вести

Мрак во ДИК, први резултати 46 – 44

Веб страницата на ДИК, онаа прегледната од која се информираат граѓаните е мртва со часови, но АПИ адресата со резултатите е жива и се уште ја има на интернет. АПИ Веб страната на ДИК всушност ги содржи сите сирови податоци, оттаму тие податоци се преземаат и се дизајнираат за нормално објавување, прегледно за публиката. Врската е прекината со хакерскиот напад и софтверската грешка, па сега ДИК рачно во друга програма ги внесува податоците од секое избирачко место. Со она што го има на АПИ страната на ДИК, пресметката на мандатите е на државно ниво, СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса и Алтернатива имаат 12 мандати, Левица 2 , а ДПА 1. Пресметките се однесуваат на она што го има во АПИ податоците и засега не се водат ниту како првични неофицијални податоци за кои ДИК најавува откривање и соопштување по нивната математика попладне.

Во првата изборна единица суровите необработени податоци велат дека СДСМ освоил 8, ВМРО-ДПМНЕ 7, ДУИ и Алијанса имаат по 2 мандати, а Левица 1. Во втората изборна единица СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 7 мандати, а ДУИ и Алтернатива имаат по 3 мандати. Во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има мандат повеќе од СДСМ, затоа што на табелата се протнува и Левица со еден мандат. Во 4-тата изборна единица е нерешено 10 – 10 во освоени мандати за двете партии. Нерешено е и во 5-ката, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 8 мандати, ДУИ, 3, а коалицијата Алијанса/Алтернатива има еден мандат. Во 6-ката има 5 освојувачи на мандати, ДУИ 7, Алијансата/Алтернатива 6, СДСМ и БЕСА 4, ВМРО-ДПМНЕ 2, и еден има ДПА.

Тоа се резултатите кои ги дава сегашната состојба на оваа АПИ веб страна на изборните резултати на ДИК.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе