Две различни декларации од двете страни осамнаа денеска во Брисел.
Додека Бугарија јасно кажа дека не го признава македонскиот јазик, македонската влада раскажувајки историја не вели дека мора, туку треба да се употребува во документите со Европската унија без никакви додавки и фусноти.
Исто така во едностраната изјава Македонија пишува дека официјалниот јазик е кодифициран во 1945 година и дека дијалектите кои се распространети само на денешната територија се основа за неговиот развој.
Македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти, се вели во македонската изјава.
И додека Македонија го нагласува договорот за соработка со ФРОНТЕКС кој сѐ уште не е ни потпишан, Бугарија во нејзината еднострана декларација јасно кажува дека не го признава македонскиот јазик.
Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“, стои во бугарската изјава.
Во меѓувреме претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, обаќајќи му се на премиерот Димитар Ковачевски го убедуваше дека во договорот со ФРОНТЕКС нема да има никакви фусноти за јазикот.
До сега Европската унија нема донесено единствена декларација со која ке се изјасни за прашањето по македонскиот јазик.
Останаа само убедувањата дека нема сомнеж дека македонскиот јазик е, како што рече претседателката на Европската комисија, ваш јазик и за тоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификации од ЕУ.
Билјана Николовска