Вести Македонија Топ вести

Дел од директорите на затворите не ги исполнуваат условите, забележува Комитетот за превенција на тортура

Претресите во Идризово кои резултираа со запленета дрога, ножеви, пари и мобилни телефони, следува по низата забелешки кои министерот за правда Никола Тупанчевски ги добил од претставници на Комитетот за превенција од тортура. Освен за условите во затворите, јасно му посочиле дека на одредени директори местото не им е на чело на затворите. Тупанчевски не сакаше да открие дали менаџментот на затворот Идризово бил посочен.

Како  дрога и ладно оружје завршиле зад навидум непробојните тврдини со многу решетки, директорот на Управата за извршување на санкции  и министерот велат истрагата тоа ќе го покаже, а никој нема да биде поштеден од одговорност.

Во координираната акција во Идризово учествувале 65 специјалци од ЕБР, уште 30 полицајци од крим-техника и над 40 затворски чувари и полицајци од други затвори. Претресите се вршени со налог од судија, со конкретно име и презиме на осуденик, келија и затворско крило.

Од извори блиски до истрагата Телма дознава дека биле претресени келии и затвореници и во затворениот дел и меѓу осудениците со доживотни казни за „Диво Насеље“, но и кај затвореници во полуотвореното одделение. Кај еден затвореник биле најдени три ножа, додека друг имал над илјада евра, иако според правилниците било дозволено да имаат најмногу 6.000 денари за цел месец, велат нашите извори. Одземените телефони се вештачат за да се провери дали затворениците контактирале со припадници на затворската служба

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетранспарентност во процесот на преговарање – реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција за договорот меѓу Македонија и В. Британија

Дејан Дејан

Обвинителство бара притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Дејан Дејан

Сојузот на стопански комори на Македонија доби прекршочна санкција од КЗК за давање на лажни и нецелосни податоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе