Американската амбасада во Македонија бара решение за завршување на проектите на УСАИД кои се во застој откако новата американска администрација предводена од Трамп ги скрати средствата и буквално ја затвори познатата американска агенција која доделуваше помош низ светот.
Барањето на решение е наведено во официјалното соопштение на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која оствари проштална средба со Џери Дибл, претставничка на УСАИД во државава, а присуствуваше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
На средбата, Дибл посочи дека во изминатите 30 години, преку бројни проекти, УСАИД во државава инвестирала 900 милиони долари. Амбасадорката Агелер искажа разочараност што се затвора Канцеларијата на УСАИД во земјата, соопшти кабинетот на Силјановска по средбата, а Агелер истакнала и дека „Амбасадата, заедно со Владата и со други партнери, ќе продолжи да се залага за финализирање на започнатите програми.