Започна спроведувањето на планот за спас на моликата на Пелистер.Откако снежните наноси минатата зима уништија огромни површини стара моликова шума, Националниот парк, заедно со експертите, изготви низа мерки – чистење на теренот, воведуваење и одржување на шумски ред и обновување на моликата. Од Паркот уверуваат дека сите активности ќе се одвиваат строго законски, под надзро на надлежните инспекторати и во соработка со стручната јавност.
„Јавноста треба да знае дека овие мерки ќе се спроведуваат најмалку 5-6 години, за да се видат резултатите по 10-15 години. но мора да реагираме сега“ вели Иваночо Тошевски, директор на НП Пелистер.
Според експертите, состојбата со моликата не е изненадување. Стручната јавност одамна укажува на потребата од континуирани одгледувачки мерки, но планот за ревитализација често останувал само на хартија.
„Во таквите ситуациии човекот и стручната јавност не треба да бидата пасивен набљудувач на тие процеси кои би ја истиснале моликата на подолг период и затоа треба да се преземат тие мерки рече проф. д-р Никола Велковски од Шумарски факултет на УКИМ Скопје.
Националниот парк иницираше и изработка на студија за ревитализација на старата моликова шума и подигање на нови подмладни јадра, со цел да се спречи замена на моликата со други видови, како ела и бука.
„Таа студија има за цел да го спречи тој процес, односно да овозвоможи главен доминантен вид да биде моликата, затоа што таа е една од основните причини за прогласување на Пелистер за национален парк изјави Зоран Пројчевски, НП Пелистер.
Првичните активности се финансираат со сопствени средства на установата, но за целосната ревитализација на моликовата шума, Паркот ќе бара и други извори на финансирање..
Eмилија Мисирлиевска