Вести Свет

Пад на холандската влада: Преговори за предвремени избори или нова коалиција?

Опозицијата во Холандија повика на итно распишување предвремени избори, откако крајно десничарската Партија на слободата вчера ја напушти четирипартиската коалиција, предизвикувајќи го падот на владата на помалку од една година по нејзиното формирање.

Герт Вилдерс ја напушти владата откако коалициските партнери одбија да го прифатат неговиот план за воведување исклучително строги мерки за ограничување на миграцијата.

Владата на премиерот Дик Шоф ќе продолжи да ја води земјата како привремена влада, со ограничени овластувања.

„Кога мора да се презеде, кога тешки одлуки мораат да се донесат, г. Вилдерс го нема никаде. Го знаевме тоа, го имаме видено претходно, во 2012 Вилдерс исто така излезе. Погледнете ја Партијата на слободата, ви го има направено тоа и претходно, требаше да имате во предвид дека ќе се случи повторно, а сепак одлучивте да влезете во коалиција со нив. Ги повикувам сите партии во Парламентот, јасно да кажат дека не е во национален интерес да се дозволи на власт да дојде некој што постојано парализира, не нуди решенија и постојано бара конфликт“ изјави Франс Тимерманс – Лидер на Зелено левата коалиција.

Но, политичките аналитичари во Холандија стравуваат дека тоа може да трае со месеци, затоа што предвремените избори, најрано што може да се одржат, е на есен, додека, пак, поделeноста на политичката сцена сугерира дека повторно ќе има долги преговори за нова влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе