Вести Македонија

Одложено гласањето во АФЕТ за Извештајот за Македонија

Гласањето на Извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент е одложено за 24 јуни. Одложувањето го побара известувачот Томас Вајц кој рече дека  апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

  • Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму, тоа е европско прашање, како и да е. Би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни и исто така, би сакал со одложувањето да им дадам шанса на моите колеги, особено на колегите од ЕЦР и ЕСН, можност да ги ажурираат своите лоби регистри. Затоа што, извинете, колега Валчев, но имате најавено три лоби состаноци за сето ова време. Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашите лоби регистри и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, рече Томас Вајц, известувач за Македонија во ЕПП.

Со тоа Вајц практично возврати на нивните обвинувања дека имал тајни средби со „надворешни фактори“, односно со македонски преставници или дека некој пробил во системот на ЕП, а  сето тоа влијаело на ставовите во извештајот, а пред се на амандманите со кои се бара признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет.

Двајца европратеници  го поддржаа Вајц.Санчез Амор од групата на Социјалдемократите рече дека, жали за  обвинувачката и полна со инсинуации кампања  која не е нормална за ЕП и дека била креирана само за да се добие одлагање на извештајот. Тој побара да не се создава преседан  така што ќе се овозможи надворешни фактори да создаваат ситуации во ЕП.

  • Ние го поддржуваме одложувањето на извештајот што беше предложено од известувачот во име на мојата група сакам да ја изразам нашата благодарност на преговарачите за постигнувањето на одличен резултат спротивно на тоа што се случи минатиот пат – рече Санчез Амор, европратеник  од групата на социјалдемократите.

Бугарските европарламентарци кои и самите бараа одложување поради, според нив, „нерегуларностите“ што ги откриле околу пишувањето на извештајот, се задоволни од епилогот.

Членовите на Комитетот за надворешни работи на ЕП на денешната седница требаше да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе