Вести Свет

Израелската војска ги прогласи pатиштата кон центрите за хуманитарна помош за воена зона

Израелската војска ги прогласи патиштата кои водат кон центрите за хуманитарна помош во Газа за „зони на борба“, што значи дека ќе бидат затворени за движење на цивили.

Ова следува по неколку инциденти во кои најмалку 27 Палестинци загинаа од истрели близу до еден од центрите за помош.

Организацијата Хуманитарна Фондација Газа, која дели помош и е поддржана од САД и Израел, објави дека ги затвора своите пунктови за „организациски и технички подобрувања“ и ќе ги отвори повторно во четврток.

Израелската војска тврди дека нивните сили пукаат само кога има лица што се движат надвор од одредените безбедносни коридори, додека ОН и хуманитарните организации предупредуваат дека ваквиот режим на дистрибуција на помош е опасен за цивилите, кои мораат да одат по долг и ризичен пат низ воени зони за да дојдат до основна помош.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на „итна и независна“ истрага за инцидентите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе