Вести Свет Топ вести

Земјотрес во Мармарис – една жртва и над седумдесет повредени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа Мармарис во југозападна Турција рано утрово, при што загина 14-годишно девојче, а околу 70 лица се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Земјотресот се случил во 2:17 часот по локално време, на околу 10 километри од брегот, и бил почувствуван и во Грција и Египет.

Дел од повредените скокнале од високи објекти во паника додека бегале кон безбедно.

Во покраината Мугла, каде што се наоѓаат популарни туристички места како Мармарис, Бодрум и Фетије, нема извештаи за сериозни оштетувања на згради.

Според властите, 14 лица биле згрижени на самото место, осум се пуштени по краток преглед, а 46 остануваат во болница.

Земјотресот бил „широко почувствуван“ и на грчките острови Додеканези, каде туристи на Родос биле евакуирани од хотели, но нема извештаи за повредени.

Сеизмолошките служби потврдија дека потресот бил почувствуван и во Египет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кавадарци процениле дека немало потреба за хоспитализација на детето што почина

Дејан Дејан

Јапонскиот Апелациски суд ја укина казната од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

Дејан Дејан

Брисел воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе