Градоначалничката на Град Скопје во нов статус на Фејсбук обвинува дека има информација дека за фалсификатите и дивоградбите во општина Чаир активно се уништуваат докази.
Таа потсетува од Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава.
- „До сега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција. Апелирам, Јавното обвинителство да се одважи за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН“, пишува Арсовска.
Таа објави дека во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон ГРАДЕНИ СЕГА, А НЕ ВО 2011 ГОДИНА, без или со фалсификувани документи. Во овие објекти живеат илјадници граѓани чиј живот е во постојана опасност бидејќи тие објекти немаат соодветна документација, надзор, пресметана статика, хидрантски мрежи, итни излези, план за евакуација, паркинзи и пристап до објектите.
Ова е само продолжение од синоќешната препирка пред Град Скопје каде Ганиу донеше камион со отпад, а Арсовска го обвини за незаконски дејствија.
(видео)Ноќна „битка со отпад“ меѓу Арсовска и Ганиу пред Град Скопје