Две лица вечерва го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Како што информира МВР, случајот денеска во 18:23 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.