Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел добил список на мртви заложници на Хамас чии тела треба да бидат вратени денес. „Ќе биде многу тежок ден за Израел“ изјави Нетанјаху.
„Донесуваме дома четворица наши сакани, киднапирани. Ние сме со нивните семејства, а срцето на целата нација е растргнато, а тоа требаше да биде срцето на целиот свет, бидејќи овде гледаме со кого си имаме работа – чудовишта“, рече Нетанјаху.
Хамас во вторникот објави дека во четврток ќе ги предаде телата на четворицата израелски заложници, меѓу кои и двајцата најмлади – Кфир и Ариел Бибас. Хамас потоа објави дека во сабота ќе ослободи шест живи заложници. Се очекува Израел да ослободи палестински затвореници во замена за израелските заложници.