Вести Македонија

Доктори од Прилеп и Радовиш учествувале во лекувањето на погодените во крвавиот напад во Магдебург

 Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

–        Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Лицето кое синоќа со автомобил удри во толпа на божиќен пазар во централниот германски град, при што загинаа пет лица, а 200 беа повредени, како што објави полицијата, дејствувал сам. Мотивите за постапките на сторителот засега остануваат непознати, но неговото незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија можеби одигра улога, изјавија обвинителите на истиот брифинг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукал за Газа – осомничениот за убиството во Вашингтон го призна делото

Дејан Дејан

Се урна зграда во Ираклион, издадено предупредување за цунами – силен земјотрес во морето кај Крит

Дејан Дејан

Пукање во Вашингтон – убиени двајца вработени во израелската амбасада во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе