Реформи треба да има, но, за сериозни реформи треба време, треба финансиска конструкција и да се почне проактивно, смета универзитетскиот професор Ратко Дуев.
Никако не можеме да скокаме, тоа се случуваше и со претходните реформи, не можеме ние сега дете што учи петто одделение, да започне шесто по нова програма. Тоа е уставно загарантирано. Со Секое скокање, ретроактивно враќање на процесите се јавуваат овие проблеми и мислам дека тоа е клучниот проблем со кој се соочуваме сега. Тука е и загриженоста на родителите. А образованието како сектор има 33.000 вработени, плус 220.000 активни ученици, имаме активни професори, вработени, роднини итн. Реформите во образованието бараат многу внимание и многу темелна анализа и дебата за да не дојдеме како сега, до вакво дебатирање и да се чудиме зошто е вака и зошто е така, вели професорот Дуев.
Да на се брза со реформите препорачува и професорката од Факултетот за ликовна уметност Јана Манева Чупоска.
Невозможно е еден министер за образование, министерка во случајов, да не ја сослуша оваа рекација која што е голема од интелектуалната јавност, оние чинители кои што се вклучени во образованието, науката и уметноста. Од таа причина дадов идеја министерството да се преименува во Министерство за образование, наука и уметност, како што е и МАНУ на пример. Сметам дека и на тој начин ние уметниците ќе загарантираме еден посериозен пристап. сметам дека таа е тука за нас и мора да има комуникација и подршка пред се од професорската и наставничката фела. ако таа нема подршка од сите нас, навистина не знам со кои инструменти планира да го спроведе ова, смета Манева чупоска.