Вести Македонија Топ вести

Бесим Красничи не е екстрадиран бидејќи на косовската полиција и избегал од домашен притвор

Министерството за правда добило известување дека во Косово од слобода се лишени две лица кои во земјава имаат дебели досиеја, неколку години се во бегство и се бараат со меѓународна потерница. Станува збор за предводникот на кондовската група Агим Красничи и за Сехат Рамадани, кои на почетокот на месецов беа уапсени во Урошевац, а сега на потег се надлежните кои треба да бараат нивна екстрадиција.

Министерството за правда не може да споделува дополнителни информации со јавноста се додека правосудните органи не дадат податоци и информации. Тоа важи за било кој предмет за екстрадиција, велат од правда за Телма.  

Со лисици на рацете завршија и Бесим Красничи и Фадил Точи, исто така припадници на групата, која пред, речиси, две децении беше страв и трепет во скопско. За нив беше побарана екстрадиција уште во 2020 година кога за прв пат паднаа во рацете на косовската полиција.

Од правда без да откријат имиња за Телма веќе одговорија дека за едниот од нив била одбиена екстрадицијата во 2020 година, бидејќи има косовско државјанство, а за другиот е одобрена една година подоцна, но, до денес не е реализирана.

Во врска со лицето за кое прашувате, од страна на косовските власти сме известени, дека му бил одреден домашен притвор по однос на екстрадицијата. Кога полициски службеници од МВР на Косово биле да го земат од неговиот дом, истиот не бил пронајден дома, по што истиот не бил донесен на Граничен премин Блаце во договорениот термин, ни одговорија од МВР. 

Според извори на Телма, Бесим Красничи е лицето кое косовската полиција не го нашла во домашен притвор за да го екстрадира. Точи пак не бил спроведен во земјава поради косовскиот пасош.

Но, нивната екстрадиција е отежна и поради тоа што тие се гонети и од косовските власти. Агим Красничи за обид за убиство, а Точи и Рамадани за учество во тепачка, лани во октомври во Урошевац.

Инаку Агим Красничи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, а им останаа околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красничи, пак, се бара за издржување на 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, а Точи е осуден на 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе