Вести Свет Топ вести

Протест против ЕУ и НАТО во Прага, „Денови на НАТО“ вo Острава – поделби во чешкото општество

Денови на НАТО во Острава, протест против Европската Унија и НАТО во Прага. Илјадници Чеси попладнево ги наполнија Вацлавскиот плоштад во главниот град на протест против коалициската влада на десниот центар со премиерот Петар Фиала. На настанот во организација на вонпарламентарната партија „Право, почит и професија“ се собраа над 10.000 граѓани кои изразија револт од, како што истакнаа, „скапотијата на Фиала, Европската Унија, САД, НАТО и Украина“. Меѓу барањата на демонстрантите беше оставка од владата поради високите цени на енергенсите, како и запирање на војната во Украина.

Организаторот на протестот, Јидрих Рајхл, кој себеси се смета за чешки Доналд Трамп, ја обвини владата на Фиала како најодговорна што Чесите плаќаат скапа струја, гас и нафта, но и дека Чешка е единствената земја која не се вратила на нивото пред пандемијата на ковид-19. Тој, исто така, обвини и за недостиг на на лекови, за примањето на украински воени бегалци и за испораките на оружје за Украина.

Протестот ги обедини екстремната десница со силите на крајната левица и беше трет таков протест во Прага во оваа година, организиран од новата политичка партија на чешката политичка сцена. Некои од демонстранти побараа земјата да излезе од НАТО.

На аеродромот Мошнов во Острава, пак, се собраа 100.000 граѓани на традиционалната дводневна манифестација „Денови на НАТО“. Премиерот Фиала ја истакна важноста од членството во Алијансата и безбедностните гаранции што го има земјата, а не биле случај во минатото.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе