Телата на 1.200 убиени Украинци во војната со Русија денеска се вратени во татковината, соопшти украинскиот Координативен штаб.
Како резултат на активностите за репатријација, телата на 1.200 жртви се вратени во Украина. Според Русија, телата се на Украинци, вклучително и војници. Враќањето е извршено во согласност со договорот (од Истанбул), се наведува во соопштението.
Ќе следи идентификација на жртвите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.