Центарот за управување со кризи соопшти дека во моментов активни се два шумски пожари, еден во општините Штип и уште еден во Зелениково.
Во моментов информациите се дека пламените јазици се шират поради што побарана е помош за нивно гасење со авион и хеликоптер.
– Првиот пожар избил околу пладне на територијата на Општина Штип каде во атарот на село Пиперово е опожарена сува трева, но тој набрзо се раширил кон околната шума. Пожарникарите од локалната противпожарна единица се ангажирани на гасење на блиската боровата шума, поради што е побаранана помош од хеликоптерската единица на МВР, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Анеглов.
Вториот пожар е во Општина Зелениково во атарот на село Гумалево, каде според Ангелов пожарот излегол од контрола и побарана е поддршка од ер-трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.