Вести Македонија

Гевгеличани ќе протестираат против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожув

За две седмици Гевгеличани ќе протестираат против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожув. Активистите против рудници се мобилизираат и велат дека се подготвени по секоја цена да спречат уништување на планината и водниот потенцијал.

Досега е изградена една мала хидроцентрала на Кожув, но за активистите е недозволиво понатамошно градење, бидејќи се сомневаат во начинот на кој се добиваат дозволите и какос е спроведува целата процедура.

Пред шест години Гевгелија прва во Југоистокот ја започна борбата против геолошки истражувања за минерални суровини, за отворање рудници на Кожув. Активистите велат дека планината и природните ресурси што ги поседува не смеат да бидат предмет на бизнис интереси на поединци.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе