Вести

За неколку дена ќе се знае идентитетот на лицето кое вееше знаме на т.н. „Голема Албанија“ – тврди Спасовски

Лоцирани се неколку лица и за неколку дена ќе се знае идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија, изјави денеска министерот Спасовски без да одговори дали станува збор за косовски или граѓанин на Македонија. Претходно Спасовски тврдеше дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но дека правда ќе има и во случај да станува збор за странски државјанин.

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12-ти август по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе