Вести Македонија

Нов обид за спас на домот на културата во Виница

Нов обид да се санира покривот на Домот на културата во Виница. Кофите и садовите поставени низ оваа институција, го спасуваат инвентарот од поројни дождови. Мириса на влага, бидејќи покривот со години прокиснува.

На вработените и на виничани кои секојдневно го посетуваат најтешки им се есента и зимата, кога дождовите им прават дополнителна штетата.

Локалната власт конечно направи проект за санација на покривната конструкција, која ќе се прави по урнекот на зелени покриви.

Виничкиот градоначалник, Миле Петков вели средства ќе има од буџетот, но и ресорното Министерство и Бирото за регионален развој.

Од Центарот за развој на Источно планскиот регион појаснуваат дека средства се обезбедени и за сината сала,во  којашто ќе  има соодветни услови за организирање на секаков културни настани.

Градежните активности  треба да  започнат почетокот на следната година, а се очекува реконструкцијата да заврши до ноември 2023 година.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Обвинителството да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Дејан Дејан

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Дејан Дејан

Седум загинати, 69 повредени – урнати два моста во руски региони кои се граничат со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе