Вести Македонија Топ вести

(Видео) Хероината од „Медена земја“ го запозна германскиот претседател: Муратова и Штајнмаер си разменија тегли со мед

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер и неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски во текот на денешниот ден ја посетија Старата скопска чаршија. Тие беа гости во работилница за изработка на филигран и имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на производство на накитот, потоа пиеја чај, а во Националната галерија „Чифте амам“ имаа средба со тимот од „Медена земја“ и проследија инсерти од филмот.

Штајнмаер во „Чифте амам“, меѓудругите, се запона и со Атиџе Муратова со која си разменија тегли со мед. Муратова ја искористи приликата да му подари тегла од својот мед на високиот гостин кој, пак, ѝ возврати на идентичен начин и со идентичен подарок – тегла мед од негово производство од замокот Берлин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе