Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица за кого пред 9 месеци беше отворена предистрага.
-Од страна на полициски службеници по насоки од јавен обвинител од ОЈО за ГОКК лицето Р.К. е лишено од слобода, соопштија од МВР.
Крмзов беше опфатен со истрага на финансиската полиција за злоупотреби со даночни исплати, царини и други финансиски дела. Крмзов негираше и тврдеше дека истрагата е отворена за да му наштети и да му биде преземен бизнисот во шпедиција, транспорт и градежништво.