Вести Македонија

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- бил вистински сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани-како реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Полицијата го привела, а Обвинителството бара притвор за Александар Нацев бидејќи смета дека тој е реален сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон која без договор се грижела за обезбедување на кабарето Пулс од почетокот на оваа година, а беа на задача и ноќта кога се случи трагичниот пожар. Нацев во истрагата за Кочани е осомничен за „тешки дела против општата сигурност“ и дека во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку агенцијата Рубикон.

„Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот“ стои во соопштението на Јавното Обвинителство.

Претходно беа уапсени официјалниот сопственик на Рубикон и неколку вработени во агенцијата.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, Рубикон има вкупно 6 договори за обезбедување склучени со 5 средни училишта на територија на градот Скопје. Вредноста на сите договори е околу 4,7 милиони денари односно околу 75 илјади евра. На сајтот на Отворени финансии стои дека Рубикон имал уплати и од училишта во Кочани, како и од Агенцијата за вработување во Прилеп. Сите уплати и договори се направени после јули лани односно по промената на власта.

Александар Нацев е поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации-ДБКИ (мандат до 2017-та година) и е универзитетски професор, во моментот ангажиран на Воената Академија Михајло Апостолски во Скопје. Со официјалниот сопственик на агенцијата Рубикон имаат заедничка невладина организација.

Нацев претходно беше и активен партиски член на ВМРО-ДПМНЕ и додека партијата беше во опозиција имаше прес конференции поврзани со безбедносни теми.

Миомир Серафиновиќ

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе