Вести Свет

Јапонскиот Апелациски суд ја укина казната од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

Апелацискиот суд во Токио ја поништи казната од 84 милијарди евра изречена против четворица поранешни директори на компанијата „Тепко“, оператор на нуклеарната централа Фукушима, која беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито во 2011 година, јавуваат јапонски медиуми.

Во 2022 година, четворицата директори беа осудени на оваа рекордна казна во граѓанска постапка покрената од акционери, кои сметаат дека катастрофата можела да биде спречена ако раководството на „Тепко“ ги прифатело предупредувањата од научните студии и презело заштитни мерки, како поставување резервен извор на струја на повисока кота.

Обвинетите се бранеа дека ризиците биле непредвидливи и дека научните истражувања не биле сигурни.

Според снимки прикажани на телевизиите „Нипон ТВ“ и „НХК“, тужителите држат транспаренти со барање глобата да биде зголемена на 147 милијарди евра, со натпис: „Мора да се преземе одговорност за нуклеарната катастрофа во Фукушима“.

Оваа глоба се сметаше за највисока досега изречена во Јапонија и требаше да ги покрие трошоците за демонтажа на реакторите, обештетување на населението и расчистување на теренот.

Новинската агенција Џиџи прес објави дека судот ја отфрлил тезата дека катастрофата можела да се предвиди.

Минатата година, друг суд потврди ослободителна пресуда за двајца поранешни вработени на „Тепко“ обвинети за професионална небрежност.

Со оваа одлука се затвора единствениот кривичен процес за најтешката нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе