Вести Свет

Зголеменото количество кокаин во Европа предизвикува и раст на насилството според ЕУ извештајот

Првиот човек на европската агенција за спречување на илегалната трговија со дрога, Алексис Гусдел, предупреди денеска дека постојаниот раст на обемот на незаконско внесување на кокаин и други стимуланси на територијата на Европа доведува и до драстично зголемување и на насилството во досега најбезбедното општество во светот.

Годишниот извештај на Европската агенција за борба против трговијата со дроги обелодени дека во 2023-тата, седма година по ред во Европа, било запленето рекордно количество кокаин – 419 тони. Најмногу се запленети во трите Европски држави со големи пристаништа – во Белгија – 123 тони, Шпанија – 118 тони и Холандија – 59 тони.

Зголемување на екстремното насилство кое со години е главен безбедносен ризик во Јужна Америка, полека се прелева и во Европа, пред се Брисел каде нарко – бандите од Јужна Америка и Европа, особено од Западниот Балкан се борат за контрола на територијата.

„Во минатите седум години има големо зголемување, драстично зголемување во достапноста на кокаинот во Европа, што кореспондира со тоа што го знаеме за зголеменото производство на кокаин во Јужна Америка, но исто и зголемените заплени во Европа“ изјави Алексис Гусдел, директор на ЕУДА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе