Вести Македонија

СДСМ: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков. Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата, велат од СДСМ.

Опозицијата објавува дека вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера и балет, што е очигледен конфликт на интереси.

  • Министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања само во второто полугодие од 2024 година. Купени се и нови авионски карти за нова тура во Јапонија за септември, каде на државна сметка ќе настапуваат Ана и Игор Дурловски, кои имаат блиски врски со власта, рече Катарина Илиевска – Силјановска, од Комисијата за култура на СДСМ.

Според неа на 19 мај годинава, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја разрешил државната секретарка Марија Ѓорѓова, со единствена цел – да ѝ овозможи унапредување преку интерен оглас на позиција државен советник за европски прашања и креативни индустрии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе