Не чувствувам апсолутно никава одговорност за пожарот во Кочани, изјави екс-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, кој е меѓу 68те осомничени во истрагата. Штипска апелација пред две недели му го укина притворот на Салиу и му одреди мерки за претпазливост – одземен му е пасошот и редовно треба да се јавува во судот.
„Во тој поглед не чувствувам одговорност , верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат и аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по професија сум доктор на политички правни науки 18 год сум бил адвокат сум работел и по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали имам јас вина или немам вина. Лично со душа и со срце тврдам и одговорно максимум тврдам дека немам апсолутна вина во тој поглед“ изјави Салиу.