Од утринава приватните превозници се вратија на работа. Извори на Телма велат уплатена им е сума да возат до понеделник за да се реши проблемот и да се исплати долгот.
Дека се исплатени средства ни потврди и градоначалничката Данела Арсовска.
Приватните превозници два дена не сообраќаа поради како што тврдеа долг од над 150 милиони денари кој им го должи ЈСП.
Инаку ова не е прв пат приватниците да ги паркираат своите автобуси, а во еден од овие протести поради долг ги блокираа и главните крстосници во градот.
Неисплатени средства ги паркираше автобусите на приватните превозници