Вести Македонија

Пад на интернетот создаде редици во поликлиниката Букурешт?

Прекин на интернетот ги остави пациентите со часови да чекаат за преглед во поликлиниката Букурешт. Мој термин е надвор од функција, лекарите податоците ги впишуваат на хартија и чекаат да се врати мрежата за да ги внесат во системот. Ова ги пролонгира прегледите и создаде редици пред ординациите.

„Да немаат интернет од вчера. Денеска се трудеа аптекарките од другите поликлиники за да ни дадат лекови. Има гужви но важно е да има лек“, вели граѓанин.

„Сега моментално бев имаа проблем со интернет, но брзо се реши. Сега моментално нема редици но сабајле имало многу“, вели граѓанка.

Проблемот е во операторот кој на таа локација имал поголем дефект, а кога ќе се реши не се знае вели за Телма директорот на здравствен дом Скопје.

„Сите податоци рачно ги пишуваат за кога ќе имаат интернет да ги внесат во систем. Редот е малце поголем , но за да не ги враќаме пациентите  мора на таков начин да ги услужиме, се додека немаме интернет“, вели Самир Исени директор на здравствен дом Скопје.

Освен долгите редици за дојдат на ред за преглед и да ја земат неопходната терапија, дел од пациентите алармираа и на недостиг на инсулин.

„Јас сум под инсулин има некои апчиња, две години сум под инекции. Па нема има инсулин и тоа е борбата. Денеска имаше малце гужва 5/6 души пред мене а инаку бев пред 3 дена немаше инсулин и мораше да се вратам дома“, вели граѓанин.

Пациентите побараа од надлежнните да се решат проблемите и да се подобрат условите во здравствените установи.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе