Вести Македонија Најважни

Обвинение за Васев и тројца онколози за несоодветно лекување на пациенти со рак

Поранешниот медицински директор на Онкологија, Нино Васев повторно ќе се најде на обвинителна клупа заедно со уште тројца онколози откако Кривичниот суд соопшти дека го одобрил обвинителниот акт. Обвинети се за несовесно лекување болни и тешки дела против здравјето на луѓето. Со месеци обвинителството чекаше на медицинското вештачење од Словенија кое утврди дека 29 болни од канцер биле несоодветно лекувани со што им се влошувало здравјето.

Васев, според обвинителството, применил неподобен начин на лекување, односно имало отстапувања во дозирањето. Другите тројца онколози пак на пациенти кои всушност биле во палијативна фаза им давале од скапата биолошка терапија кога воопшто не можела истата да им помогне. Практично терапијата им се давала пред да настапи смрт.

Другиот обвинителен акт за економското работење на клиниката во кој исто така е обвинет Васев, како и поранешниот организацискиот директор  Нехад Нухи за злоупотреба, измама и проневера во службата се уште е во фаза на оценка.

Истрагата покажала дека девет болни со канцер само на хартија добивале добивале дел од лековите. Каде завршувал вишокот теарпија истрагата не утврдила. Со незаконска набавка на лекови екс директорите го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Се товарат и дека го довеле во заблуда ФЗО да врши незаконска исплата и дека им овозможиле корист на добавувачите од околу 7 милиони евра.

Васев и Нухи се во куќен притвор. Инаку Васев на крајот на 2023 година беше ослободен од вина за несовенсо лекување на пациент, кој подоцна починал. Ослободени беа и негови двајца колеги. Тие беа  обвинети дека на пациент со малиген меланом во 2018-та година три месеци не му препишувале терапија.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе