Вести Култура

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Вероника Варга и Бенедек Рети ги истражуваат различните, сурово-емотивни пејзажи на балканската музика. За македонскиот фолклор велат дека е исклучително инспиративен и предизвик за секој музичар.

Гласовите на Александар Сариевски, Кирил Манчевски, Васка Илиева се богатство кое секоја генерација треба да го истражува и да го пренесува на следните генерации. Тие пеат толку јасно и на прво слушање ви делува едноставно, вели Варга, но токму во таа едноставност се крие сиот раскош на фолклорот и нивната изведба.

Го одбрав македонскиот фолклор затоа што е многу разнолик и ги сакам сите детали во него. Да бидам искрена не само македонскиот фолклор, туку фолклорот од целиот Балкан е мошне интересен за мене, но македонскиот е поинаков и музички шаренолик. Навистина ми се допаѓа мелодичноста на јазикот и покрај тоа што сѐ уште не говорам добро македонски јазик, рече Вероника Варга.

Златко Панзов лектор по македонски јазик веќе неколку години наназад ги организира Деновите на македонска култура во Будимпешта. Вели дека задоволство е да се биде дел од тој културен дијалог меѓу две земји .

Со тек на време искуството покажа дека најдобар начин за промоција на нашата култура е кога имате Унгарци кои се занимаваат со култура и кои ја промовираат, така ние градиме културни мостови меѓу нас и нашата култура полесно се пробива на нивниот пазар, на нивната културна сцена. Така се реализираа моите идеи да ангажирам уметници кои се инспирирани или се занимаваат со македонска култура, рече Пазанов. 

Во рамки на вечерашниот настан беше отворена и изложбата на Фодор Богларка, „Што ѕирка од под тепихот“, која го прикажува секојдневното животно пулсирање на земјата низ очите на надворешен набљудувач – некој што набљудува без предрасуди, но со искрена љубов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе