Вести Македонија

Kржаловски: Оваа ситуација се повторува секоја година, особено овие две последни години по францускиот предлог

Одложено е гласањето за извештајот за Македонија во комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент поради неколку амандмани за македонскиот јазик и идентитет.

Обвинувања за лобирање, недозволено вмешување на Македонија, исклучивоста на бугарските европратеници одново ја отсликаа ирационалноста на бугарската позиција. Дали оваа европска епизода е дипломатска победа на Скопје, која ќе исклучи било каков чекор кон напредок без силни гаранции?

Во Вин-Вин дебатираат Александар Кржаловски од МЦМС и Андреја Стојковски од Институт Преспа.

Кржаловски смета дека еден од исходите е пак да се блокира процесот на наредната седница закажана на 24 јуни.

„Јас не гледам што би било проблем  да се состанат, и јас се сретнав со Томас Вајц и тоа во делегацијата на ЕУ и веројатно сум во тие списоци кои сега се пријавени. Секој известувач прави такви форми и се информира. Не мислам дека има проблем, она што се зборува во Европа или е единственото што се збори во Европа, за разлика од она што се зборува кај нас, ние придаваме значење или мислиме дека сме значајни во целата ситуација некој расправа во Европа за ова што се случува, а всушност се сведува на расправи во Македонија и Бугарија, дури не и во Грција иако и од кај нив имаше доста амандмани. Оваа ситуација се повторува секоја година, а особено овие две последни години по францускиот предлог каде бугарските пратеници успеваат да издејствуваат со 200 до 300 амандмани да се блокира развојниот процес, а според колеги велат дека не се ни донесени резолуциите“ вели Кржаловски oд МЦМС.

Додека Стојковски изјави дека не треба да се бара потврда.

„Мислам дека нема да си дозволат да влезат во дискусија и расправање колку Томас Вајц толку и лидерите на АФЕТ такашто веројатно ќе најдат паметно решение кое ќе спречи дискусија да се борат дали треба или зошто се одложува. Веројатно ќе беше победа, ако молчевме и ја затворевме работата до крај без притоа да знаеме премногу долго. Не сум сигурен дали ни требало да зборуваме за македонски идентитет и македонски јазик затоа што реално наша тема е не треба да бараме потврда од други, да го заштитиме не како декларација туку како реална работа“ додава Андреја Стојковски, Институт Преспа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе