Сирени за опасност од воздушен напад се огласија вечерва во Тел Авив, јави нашата колешка Снежана Лупевска Созен која се наоѓа во Израел. Израелските сили соборија балистичка ракета што ја истрелаа Хутите од Јемен, по што веднаш се огласи предупредувањето за цивилите кои, трчајќи, веднаш се упатија кон засолништа.
„По дојавите што беа активирани за неколку области во земјата, пресретнат е еден проектил од Јемен“, соопшти израелската армија.
Хутите ги ескалираа нападите врз Израел во последните недели, меѓу кои беше регистриран и директен удар во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион на 4 мај.