Индијана е во низа од шест гостински победи по ред, а по синоќешниот триумф во „Медисон Сквер Гарден“ се враќа на домашен паркет со водство од 0-2 против Њујорк во финалето на Источната конференција во НБА-лигата.
Пејсерс славеа победа од 109-114 против Никс и направија силен исчекор кон пласман во големото финале. Паскал Сијакам го одигра натпреварот на кариерата во плеј-офот со 39 поени, Мајлс Тарнер имаше 16 поени, а првата ѕвезда на тимот реализираше 14 поени со 11 асистенции. Кај домашните, Џејлен Брансон реализираше 36 поени со 11 асистенции, а Микал Бриџис и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 20 поени.
Серијата сега се сели во Индијана каде се играат следните два натпревари, а првиот е во понеделник рано наутро во два часот по полноќ.