50 проценти царини за сите производи кои доаѓаат од ЕУ, се закани американскиот претседател Доналд Трамп само неколку часови пред продолжувањето на преговорите меѓу Вашингтон и Брисел. „Нашите разговори со нив не водат никаде“, напиша Трамп на социјалните мрежи денеска, додавајќи дека царините ќе стапат во сила на 1 јуни.
ЕУ сѐ уште не ги коментирала последните закани на Трамп, но аналитичарите ова го гледаат како закана и ништо повеќе, чија цел е да го зголеми притисокот врз Брисел да направи поголеми отстапки. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека членките имаат целосна доверба во Европската комисија дека ќе успее да го зачува пристапот до американскиот пазар.
Мислам дека таквите царини никому не помагаат, и од нив ќе настрада економскиот развој и на двата пазари. Ние сѐ уште се надеж полагаме во преговорите и ја поддржуваме ЕК о нејзината одбрана на ЕУ и европскито пазар, додека во исто време работи на убедување на САД, рече вадефул.
Во исто време, американскиот претседател упати и закана за воведување на најмалку 25 проценти царини за сите Ајфони кои нема да бидат произведени во САД. Овие закани од Трамп предизвикаа пад на берзите во САД и Европа, исто како и акциите на Епл, кои тргувањето денеска во САД го започнаа со 2 проценти помала вредност.