Поранешните директори на Онкологија Нино Васев и Нехад Нухи дојдоа сами во судот, а излегоа со полициска придружба до нивниот дом. Кривичен им определи куќен притвор поради опасност од бегство, но во судот остануваат и претходно одземените пасоши за време на истрагата.
Адресата за жалба е скопска Aпелација. Обвинителството претходно бараше ефективен притвор за двајцата.
На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на РС Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство, соопшти обвинителството.
Скопското обвинителство вчера испрати две обвиненија до Кривичен поврзани со предметот Онкологија. Едното е за економското работење на клиниката, а обвинети се поранешните директори, медицинскиот и организацискиот за злоупотреба, измама и проневера во служата.
Обвинителството пресметало штета на буџетот од 36 милиони евра.
Во обвинението поврзано со медицинскиот третман на пациентите обвинети се Васев и уште тројца други доктори онколози за несовесно лекување болни.
Според обвинението кај 29 пациенти екс директорот применил неподобен начин на лекување и тешко им го нарушил здравјето на пациентите. Други двајца доктори пак според обвинителстовто на пацинети им давале скапа биолошка терапија во палијативна фаза кога воопшто не можела да им помогне.
За лекарите обвинителството бареше мерки на претпазливост а Кривичен дополнитлено ќе одлучува дали да им ги одземе пасошите.
Елена Ивановска Мукоска
Пациентите бараат повеќе информации за размерот на несоодветното лекување на Онкологија