Вести Македонија Најважни

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Не сакаше да открие детали, но најави можност за придвижување кон деблокада на евроинтеграцијата на Македонија. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, која е во посета на државата, по тет-а-тет средбата со премиертот во владата рече дека има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите за членство во ЕУ и засега нема план Б за Македонија, како тој за Украина.

Калас потенцираше дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, како и прва држава која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ и дека сакаат да се придвижи по патот кон ЕУ.

Премиерот Мицкоски, пак, најави дека прифатиле, за време на Хашкиот самит на НАТО да има билатерална средба на претседателката Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател, Румен Радев.

На неа би присуствувале и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, високата претставничка, Каја Калас, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и дел од членките на НАТО, меѓу кои и САД.

Мицкоски на средбата побарал и фер третман, почесна и поотворена потврда од ЕУ за Македонија, бидејќи, како што истакна, не се однесуваат сите земји членки во европскиот дух. Изрази и подготвеност да прифатат медијација од амбасадите во земјава, за да се најде долготрајно решение.

Од владата Калас замина во МНР, каде заедно со министерот Муцунски го отворија првиот дијалог за одбрана и безбедност, согласно стратешкото партнерство, потпишано во ноември минатата година.

Во касарната Илинден, пак, заедно со министерот Владо Мисајловски, ја посетија Балканската медицинска наменска сила, за чија опрема беа донирани 6 милиони евра од европскиот одбранбен фонд.

Во обраќањето таму, рече дека ЕУ ја поддржува оваа иницијатива и политички и финансиски затоа што го одразува она за што се залагаат во Западен Балкан: доверба, партнерство и видливи резултати за луѓето.

Министерот, пак, ѝ се заблагодари за помошта во опрема во висина од 40 милиони евра.

Калас посетата на замјава ја заокружи со  средби со претставници од студенстските и младински организации.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе