Спорт Фудбал

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги суспендираше тренерот и директорот на фудбалскиот клуб Кожув поради сомнителниот натпревар одигра со Башкими во рамки на 28.коло во Втората лига.

Тренерот на Кожув, Славчо Георгиевски и техничкиот директор на клубот, Пепи Георгиев добија забрана за вршење било каква функција во фудбалот во следните две години. Почната е и дисциплинска постапка против Кожув поради прикривање и нерегуларности во врска со натпреварот со Башкими, но постапка има и против кумановскиот состав. Четири играчи на Кожув исто така се на Дисциплинска поради прикривање на информации поврзани со спорниот натпревар.

Овој дуел од 28.коло во Втората лига предизвика лавина од реакции во македонската јавност откако фудбалерите на Кожув речиси застанаа на теренот за Башкими да постигне гол за победа во судиското продолжение. Тимот од Куманово мораше да победи за да ја продолжи битката за влез во Првата лига.  Натпреварот официјално беше поништен уште минатата недела иако Башкими победи со 1-2.

Дисциплинската комисија денеска им изрече и доживотни суспензии на претседателот на Охридскиот фудбалски сојуз, Цане Милошески и генералниот секретар Никола Цветкоски поради низа нерегуларности како фалсификување на записници од натпревари што не се ни одиграле и комплетно измислена „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Струга стои на патот на Вардар кон првиот Куп-трофеј по 18 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе