Вести Македонија Најважни

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Два објекта  близу еден до друг без документација и проект никнале на државно земјиште во Општина Чаир. Ова го соопшти градоначалничката Арсовска.  Тврди дека по дојава на граѓани  утринава  отишла на терен со своја екипа за да види за што станува збор. За проблемот објави и видео на својот фејзбук. Се работи  за две дивоградби. Со нивната изградба се оштетила енергетска инфраструктура, но и булеварот кој  очекува до крајот на денот да биде целосно затворен за сообраќај. Го повика градоначалникот на Чаир  Висар Ганиу да дојде и да објасни зошто е дозволено во неговата општина да се гради на диво.

Го повикавме градоначалникот  да објаснат како овие луѓе успеале да стигнат до втора плоча, на кој начин ќе се заштитат луѓето кои живеат на неколку сантиметри од нивната тераса се гради прозорот од друга зграда, која што им го затвора целиот пристап сончева светлина им нарушува квалитет на живот, а пред се штом е поважно се е бесправно спротивно  на закон почнато во 2025 година кога не смее бесправно,  а се гради и се работи за објект кој што е без никаков стандард за градба и направил оштетувања на булеварот, вели градоначалничката Данела Арсовска.

Кога стигнале на местото затекнале работници,  но веднаш се разбегале. Вели дека градот нема надлежност да урива објекти, но се надева дека тие што имаат ќе си ја завршат работата.

-Нема никакви дозволи за градење, нема статитика, нема безбедност не обезбедени беа самите објекти каде што се гради,  најверојанто затоа беше толкава нервозата и имаше толку закани во текот на денот. Ние таму бевме повеќе од четири часа чекавме да дојде градоначалник да каже, дали ќе постапи дали ќе ги руши, иако јас сериозно не верувам, додава Арсовска.

Градоначалникот на Чаир Ганиу  пак на настан во Чаир,  изјави дека тој побарал од инспекторите да постапат во Општина Чаир, но дека до се до денеска не добил одговор.

Арсовска тврди дека Ганиу добро е запознаен што му се случува во Општината затоа што досега вратила над 100 барања за легализација на дивоградби.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе