Вести Македонија Топ вести

Општините ќе си ги позајмуваат инспекторите за контролирање на објектите

По градинките, училиштата, спортските сали, домовите за култура, општините ќе ги проверуваат и објектите за домување дали исполнуваат услови за противпожарна заштита, но и генерално за безбедноста на луѓето. Ова денеска го соопшти претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека утре ќе се знае каква е безбедносната состојба со објектите од јавен карактер во општините по вонредната контрола која беше спроведена по трагичната несреќа.

Тој рече дека повеќето од општините редовно вршеле контрола, но не сакаше да ги открие општините кои не ја спроведувале редовно таа своја обврска. 

„Јас не можам сега да излезам со имиња на општини или со имиња на градоначалници, но ви кажувам дека постојат објективни причини во многу од општините зошто до сега не се вршеле проверки. Јас жалам што не е секаде состојбата проверувана изминатите години и претпоставувам дека има општини, коишто, можеби и од објективни причини не го направиле тоа. Кои се објективните причини и зошто тоа го споменав и на мојата прес-конференција, е делот на недоволно инспекциски служби“, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода.

На овие општини како што информираше Ѓорѓиевски ќе им се помогне такашто на располагање ќе им бидат ставени инспекциските служби на поголемите општини се додека тие не си обезбедат своја инспекциска служба.

Ѓорѓиевски најави дека станбените згради се следни за контрола.

„Во строга контрола влегуваме во станбените згради, затоа што и станбените згради треба да имаат соодветна хидрантска мрежа, треба скали за пожар и, недај боже работи, да ги има. Да ги исполнуваат основните елементарни услови з да функционира таа зграда“, изјави Ѓорѓиевски.

Дека ќе с епроверуваат објектите за домување потврди и портпролката на владата, Марија Митева, која за тоа дали по одземањето на лицентите на проектантски, надзорни и градежни фирми кои не ги исполнувале условите, ќе се проведуваат контроли на објектите кои тие ги граделе и проектирале, рече дека тоа е една од фазите кои следат.

„За сите понатамошни детали, ќе се продолжи со етапна контрола на се она што зависи нерегуларно согласно законот и верувам дека и овој дел ќе биде опфатен од страна на надлежните институции, но тоа ќе бидат фази и етапи на коишто долгорочно ќе работиме“, рече Митева.

Министерството за транспорт во петокот објави дека по спроведнеи контроли во 640 фирми за проектирање, надзор и градба, 15 проценти од нив не ги исполнувале  законските услови за работа, по што им се одземени лиценците за работа. Според Министерството, контрола ќе биде направен на над 1.000 лиценцирани правни лица.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе